Се појави досега необјавено интервју на Навални: Корумпирани претставници кои живеат во Лондон му помагаат на Путин да ги скрие „валканите пари“
Неодамна починатиот руски опозициски лидер Алексеј Навални во едно од досега необјавените интервјуа, критикува корумпирани официјални претставници кои живеат во Лондон и, како што сметаше, му помагаат на режимот на Владимир Путин „да ги скрие валканите пари“.
До тоа интервју од февруари 2020 година дојде „Скај њуз“, а освен нападите врз политичарите и влијателните луѓе од Западот, рускиот опозициски лидер зборуваше и за надежта за подобра иднина на Русија, како и за ризиците за кои знаеше дека ги презема.
Од тоа што го раскажуваше и како размислуваше, се гледаше дека верува во европската иднина на Русија, поради што не ги избираше зборовите за оние кои во таа иста Европа го поддржуваа режимот на Путин.
„Русија е европска земја, сите луѓе што живеат тука сакаат да живеат како во Европа. Но, Западот навистина не прави ништо, би рекол.
Танцуваат некои „ритуални танци“ за да остават впечаток дека нешто се прави, но всушност ништо не се случува“, вели Навални, мислејќи на влијателните Руси кои живеат во Лондон.
„Се надевам дека за 10 години, ако повторно ме интервјуирате, ќе можеме да кажеме како успеавме да ја надминеме корупцијата и перењето пари“, истакнува Навални.
Интервјуто е снимено како дел од неемитуваната документарна серија „По падот“, во режија на Метју Торн и продуцирана од Ендрју Данкан.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Марјан Ѓорчев, поранешен амбасадор во Софија
-
Монструозно двојно убиство и самоубиство во Прилеп
-
Нерешени имотно правни работи - најчеста причина за нарушени семејни односи во Македонија
-
СДСМ смета дека граѓаните не се безбедни
-
И по една недела пожарот во с. Николиќ се уште активен
-
Судот утре ќе решава по жалбата на ОЈО за притворот на напаѓачот на градоначалничката Арсовска
-
Пуштени за сообраќај 20 километри од автопатот Кичево - Охрид
-
Пожарот кај Николиќ не стивнува, опожарени над 1.000 хектари