Се отвораат продавниците во Грција, а се задржува забраната за движење и полицискиот час

Олабавување на мерките во Грција, со отворање на сите продавници и моловите, козметичките и фризерските салони, берберниците, центрите за техничка контрола на возила, но под строги услови соопшти министерот за развој и инвестиции Адонис Георгиадис, а паралелно во земјата продолжуваат да бидат во сила полицискиот час од 21 часот до 5 часот наутро, како и рестрикциите за движење, јави дописничката на МИА од Атина.
Иако се најавуваше дека ќе биде воведена специјална услуга за посета на продавниците по претходно закажан термин, сепак, такво нешто не беше одлучено, но постојат специјални правила под кои од понеделник започнуваат економските активности во Грција.
Поради забраната за движење, граѓаните ќе имаат на располагање два часа за шопинг и само по претходно испратена смс порака, која ќе треба да ја чуваат во случај на контрола.
За продавниците до 100 метри квадратни дозволени се до четири лица, а за оние над 100 метри квадратни, по едно лице на секои 25 метри квадратни, наместо на 15 како што беше пред карантинот.
Еден посетител на 25 метри квадратни ќе важи и за трговските центри и моловите.
Берберниците, фризерските и козметичките салони ќе работата само со претходно закажан термин.
Во регионите каде што се воведени дополнителни мерки, продавниците ќе работат само за услугата „click away“.
Одлуката на грчката Влада доаѓа по зеленото светло од надлежната Комисија на епидемиолози, откако претходно на состанок беа разгледани епидемиолошките податоци во земјата.
Рестораните, таверните, кафулињата, баровите, фитнес центрите, како и средните училишта и универзитетите и понатаму се затворени.
Покрај одлуката за отворање на продавниците, во сила и понатаму е полицискиот час, како и забраната патување меѓу периферии и забраната за слободно движење и обврската за испраќање смс порака при секое излегување и само за одредена причина.
Од следната недела, 24 јануари, отворени ќе бидат и црквите.
Во изминатите 24-часа во Грција се регистрирани 610 нови случаи на Ковид-19, а почина 34 лица.
Од почетокот на епидемијата има 147.860 заразени и 5.421 смртни случаи.
Ново на Сител
-

Бахреин ги осуди иранските напади
-

Приведен 76-годишен маж од Гостивар, возел мопед без дозвола
-

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради трка
-

Почна полагањето на државната матура, годинава полагаат 14.500 ученици
-

Израелската армија уби бебе во Западен Брег
-

САД со дополнителни 38 милиони долари за борбата против епидемијата со ебола
-

Песков за односите Русија – САД: За танго потребни се двајца
-

Силјановска Давкова: Шест децении сцената на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ е простор на највисоки дострели на македонската театарска уметност
