Се огласи црногорскиот премиер откако Трамп го турна: Еве што кажа за целата ситуација
Тоа беше безопасна ситуација и никако поинаку не може да се објасни, порача премиерот Душко Марковиќ, коментирајќи го моментот во кој американскиот претседател Доналд Трамп го потурна за да застане во првиот ред во текот на вчерашниот самит во Брисел.
Премиерот на Црина Гора оцени дека Трамп заслужува да биде во првиот ред како лидер на најголемата светска сила.
- Сакам да кажам дека е нормално претседателот на САД да биде во прв ред. Црна Гора останува посветена на пријателството со САД - рекол Марковиќ на прес-конференцијата по средбата со лидерите за земјите членки на НАТО.
Тој вчера како што вели имал две прилики да поразговара со Трамп. Прво со него разговарал 20 минути а подоцна, за време на церемонијата на отворањето на новото седиште на НАТО, размениле неколку реченици.
Марковиќ кажал дека во оваа прилика се заблагодарил на Трамп за неговата подршка и ратификација на Протоколот за пристапување во американскиот Сенат.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Ивица Боцевски
-
„Шопен под отворено небо“ во Градскиот парк
-
ДИК ги усвои конечните резултати: Гордана Силјановска Давкова е новата претседателка на Македонија
-
ВМРО-ДПМНЕ ги почна преговорите со коалицијата „ВРЕДИ“
-
Состанок на Европскиот фронт на ДУИ
-
ДИК во понеделник ќе ги разгледува приговорите за парламентарните избори
-
Мицотакис бара почитување на Преспанскиот договор
-
Тројца министри за здравство стануваат пратеници