Се одржана Мавровско - реканската питијада

Традиционалната манифестација „Мавровско-реканска пита“ се одржа денеска во Ростуше, административниот центар на општина Маврово-Ростуше, како дел од низата активности во рамки на манифестацијата „Топол културен бран“.
Од името на организаторот, општина Маврово Ростуше, питијадата за отворена ја прогласи градоначалникот Мукрем Мехмеди, кој на учесниците и многуте гости им посака пријатни мигови и убав помин во Ростуше кое е познато по својата гостопримливост.
Во конкуренција беа 50 пити подготвени од вештите раце на Реканските жени. Првото место и припадна на Билјана Трпевска од селото Врбен, второто на Емина Симоноска од Ростуше и третото на Фикрета Беќири, исто така од Ростуше.
Манифестацијата ја следеа не само локални жители, туку и гости од многу градови од нашата земја, а во последните години и се поголем број странци. Гостите освен што ќе можат да учествуваат во изборот и да дегустрираат традиционална мавровско - реканска пита, организирано можеа да ги посет и водопадите „Дуф“.
Ново на Сител
-

Сведоштво на Дарко Стојанов за кобната вечер во „Пулс“: Ниту денеска не знам кој ме извади онесвестен
-

Сведоштва на лекари и сестри за трагедијата од Кочани
-

Што направи државата по пожарот во Kочани?
-

Една година од трагедијата во „Пулс“
-

Средношколците од Струмица засадија дрво во спомен на жртвите од трагедијата во Кочани
-

Ново зголемување на цената на горивата
-

Трамп бара учество на НАТО во Ормускиот теснец
-

Гаши за Изборниот законик: Јас сум за отворени листи
