Се одржа Детскиот карневал во Струмица
Околу три илјади дечиња денеска продефилираа на Плоштадот „Гоце Делчев“ во Струмица на Детскиот карневал што се одржува на празникот Прочка. Со него продолжија карневалските празнувања во градот под Царевите Кули, а најмладите жители се претставија со најразлични групни и поединечни маски, креирани од нивните учителки и родители.
Детскиот карневал се одржува наредниот ден по завршувањето на Интернационалната карневалска вечер.
Карневалските празнувања продолжуваат утре, на Чист Понеделник, кога жири комисијата на Струмичкиот карневал ќе ги соопшти наградите од Главната карневалска вечер, а потоа во огромниот казан, поставен на Плоштадот „Гоце Делчев“, ќе се вари бел посен грав, кој треба да се подели во околу три илјади порции.
Утрешниот ден завршува со отворање на изложбата на карикатури и афоризми од годинашниов меѓународен фестивал и доделување на признанијата на најуспешните карикатуристи и афористичари.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Неда Малеска Сачмароска
-
Тинекс отвора уште неколку нови маркети, денеска отворен маркетот во О. Илинден
-
Во понеделник се враќа старата цена за осигурување на возилата
-
Животот како пред еден век
-
Мирен изборен ден
-
Ковачевски на митинг испрати пораки до Ахмети
-
27 Април да не се повтори
-
ВМРО-ДПМНЕ промовира проекти