Се очекува предлогот за нов гувернер на Народната банка
Се очекува да биде објавен предлогот за нов гувернер на Народната банка од страна на претседателката Гордана Сиљановска Давкова. Мандатот на актуелната гувернерка Анита Ангеловска Бежоска истекува утре, но законот пропишува таа да ја врши функцијата до изборот на нов гувернер.
Претседателката Сиљановска-Давкова вчера изјави дека името на новиот гувернер ќе биде познато наскоро.
- Не го кажувам прво името пред новинарите, се надевам дека не се лутите, но веќе мислам дека знам. Со право се создаде дебата и прашања, но сепак мислам дека е нешто што треба да се практикува за секоја функција – да седнете со сите кои се споменуваат и да разговарате. Да ги прашате што мислат за другите или што мисли дека тој ќе направи, а не е направено…Уште повеќе би сакала да има повеќе кандидати, но, тоа не е можно секогаш, изјави вчера Сиљановска-Давкова.
Меѓу тројцата најсериозни кандидати за оваа функција се споменуваат актуелната гувернерка Анита Ангеловска-Бежоска, професорот на Економскиот факултет во Скопје Трајко Славески и поранешниот министер за финансии Зоран Ставрески.
Премиерот Христијан Мицкоски, пак, изјави дека очекува новиот гувернер да работи на одржување на макроекономската стабилност и да биде двигател на позитивните економски текови.
- Да почекаме да видиме кој ќе биде предлогот во Собранието доставен од страна на Кабинетот на претседателката, рече Мицкоски.
Ангеловска Бежоска стапи на функцијата на 22 мај 2018 година.
Функцијата гувернер на централната банка пред Ангеловска Бежовска ја извршуваше Димитар Богов (2011-2018), а претходно Петар Гошев (2004-2011), Љубе Трпески (1997-2004) и Борко Станоевски (1986-1997).
Ново на Сител
-
Извештајот за Македонија утре на втор обид за гласање, Вајц не сака да го коментира исходот предвреме
-
Ново поскапување на дизелот, за една недела поскапе за 7 денари
-
Синдикатот на Клинички против решението на Алиу дел од вработените на клиниките да паркираат надвор од кампусот „Мајка Тереза”
-
СДСМ обвинува за блокада
-
Вреди во Струга со независен кандидат, ДУИ се уште договара широка коалиција
-
Без дебата реформските закони за администрацијата го поминаа првиот собраниски филтер
-
ДОМ ја напушта коалицијата со СДСМ – Најавува формирање на „Коалиција за зелена иднина“
-
Лекарите со препораки за заштита од топлотниот бран