Се обновува хоризонталната патна сигнализација во Кавадарци
Се обновува хоризонталната сообраќајна сигнализација во Кавадарци. Од Службата за односи со јавноста при локалната самоуправа денеска информираа дека на асфалтна подлога најпрвин беше поставена црвена боја во правоаголна форма, која послужи како основа за нанесување на зебри со бела боја.
- На овој начин стручните служби од општината започнаа со примена на искуства од странство. Црвената подлога на пешачките премини е со двојна намена. Прво, како подлога која го продолжува векот на траење на белите линии, а потоа и како дополнителен визуелен ефект кој дава поголема видливост на пешачкиот премин, соопштија од прес службата.
За оваа цел општината има набавено 4 тони боја, за што се инвестирани 494.086 денари. За работна рака ќе се потрошат 470.000 денари.ж
- Општината со новиот приод кон нанесување на бојата очекува продолжен век на користење, а пред се подобрување на безбедноста на пешаците и останатите учесници во сообраќајот, нагласија од службата за информирање.
Освен на улците во градот, општината ќе ја обнови патната хоризонтална сигнализација и на локалниот пат Кавадарци-Ресава, на делницата од приклучокот со региналниот пат Кавадарци-Прилеп, до селото Ресава.
Ново на Сител
-
Владата со препораки за заштита од топлотниот бран
-
Eнормно зголемена потрошувачката на вода, неконтролирано се полеваат бавчи и ниви
-
Познат идентитетот на македонскиот државјанин кој загина во сообраќајката во Србија
-
Лишен од слобода возач кој вчера удри пешак во центарот на Скопје
-
Возел пијан и излетал од патот, приведен возач во близина на Македонска Каменица
-
Полицаец во Гостивар украл 25.000 евра и злато вредно 50.000 запленети при претреси
-
Уапсени тројца Турци во Штип, при претрес во нивниот стан најдени 123 семки канабис
-
Две физички пресметки изминатата ноќ пријавени во Тиквешијата