Свет
5. August 2016 - 16:17

Се обиделе да ограбат руски дипломат во Рио, тој вовлекол во кола еден од напаѓачите и го убил!

Руски дипломат во Рио де Жанеиро драматично убил вооружен напаѓач кој се обидел да го ограби во момент кога Олимпискиот факел минал низ овој дел од градот во Бразил.
 
Според зборовите на Маркос Цезар Фереса Барга, рускиот дипломат го фатил напаѓачот и внел во неговиот автомобил по што напаѓачот го скршил задното стакло и го вперил пиштолот наредувајќи му да му го даде рачниот часовник.
 
 
Борбата продолжила во внатрешноста на автомобилот додека дипломатот не успеал да му го одзеде оружјето, кое го употребил да го убие.
 
Напаѓачот кој бил на мотор со друг маж, се обидел да изврши злочин во сред бел дена откако минал Олимпискиот факел во тој дел од градот.