Македонија
14. јуни 2023 - 11:11

Се обиделе да ограбат фирма во Тетово, но биле фатени на дело па се степале со полицајците

Полициски службеници од СВР Тетово вчера (13 јуни) околу 4 часот и 15 минути, на улица „Видое Смилевски-Бато“ во Тетово, ги лишиле од слобода М.Н.(53) од тетовско Желино и А.Н.(49) од тетовско Џепчиште.

Тие биле затекнати при обид да извршат кражба од плац на фирма во Тетово, а при лишувањето физички ги нападнале полициските службеници.

Двајцата биле задржани во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот ќе им бидат изготвени поднесоци.