Македонија
29. October 2021 - 11:34

Се извини девојката која скокаше преку ограда во Скопје ЗОО: Голем љубител сум на мечки, се качив да ги видам

Девојката која вчера се снимаше додека се прекачува преку оградите во Зоолошката градина во Скопје во живеалиштата на кафеавите мечки и останатите животни, се извини за грешката преку видео.

-Јас сум Мила и сакам да се извинам за видеото кое беше погрешно сфатено од страна на народот. Мојата цел во ниту еден момент не беше да ги повредам или вонемирам животните, а горе кај мечките се качив за да направам интересно видео. Во моментот кога се качив горе кај мечките, видов кришка леб и им ја фрлив. Вистина е дека ги прекршив правилата на Зоолошката градина, но не е вистина дека ги вознемирив животните. Ова е еден лош пример како не треба да се однесувате во Зоолошката градина, вели во видеото студентката.

Инаку, девојката се снимаше додека се прекачува преку оградите во Зоолошката градина во Скопје на височина во живеалиштата на кафеавите мечки и останатите животни и испушташе звуци за да им привлече внимание.