Македонија
9. May 2022 - 8:45

Се извини Андреа: Гo носам македонското знаме насекаде со мене, немав намера да навредам некого

Андреа Коевска, македонската претставничка на Евровизија објави видео преку кое се извинува за тоа што го фрли државното знаме на земја за време на фотографирањето во Торино.

„Ги видов написите во медиумите и не ми се верува дека ова се случува. Во последните неколку дена, сѐ што правев е тоа што гордо се движев насекаде и го покажував македонското знаме.

Но, во моментот кога ме фотографираа, побараа од мене да го немам македонското знаме. Делегацијата беше навистина подалеку од мене и јас одлучив да го фрлам знамето.

Не беше од омраза затоа што јас сум горда што доаѓам од тука. Затоа ми е малку бесмислено тоа што се случува. Навистина сум тука да ја претставам Македонија во најдобро светло и се надевам дека можеме да продолжиме во ова евровизиско искуство со позитива.

Немав намера да навредам некого, ако го направив тоа – се извинувам!“, изјави Андреа.

Претходно, Македонската радио телевизија го осуди настанот на Андреа и посочи дека Јавниот сервис ја разгледува можноста за нејзино повлекување од Евровизија.