Македонија
2. March 2017 - 9:56

Се изгуби скопски планинар на врвот „Орле’

Во Кавадаречко утрово се трага по сСкопски планинар кој се изгубил кај врвот “Орле”.

Како што информираат од МВР, вчера околу 14 часот во полициската станица од општа надлежност во Кавадарци било примено известување дека на пат кон врвот “Орле” кај селото Галиште се изгубиле пет лица планинари од Скопје.

- Едно од нив веќе два дена било издвоено, додека четирите биле без храна и вода. Во потрагата беше вклучена екипа на МВР со хеликоптер, со цел пронаоѓање на лицата. Четирите од нив беа пронајдени, по петото сеуште се трага, соопштуваат од МВР.