Се испитува квалитетот на земјоделските производи од поплавените подрачја
Државниот инспекторат за земјоделство го испитува квалитетот на земјоделските производи во поплавените подрачја поради претпоставка за нивна контаминација.
Како што информираат од Инспекторатот, пет тимови на земјоделски и фитосанитарни инспектори од денеска вршат обиколка на теренот, по што ќе бидат земени примероци на анализа во лабораториите на Ветеринарниот факултет кој овозможи бесплатни анализи. Покрај тоа, уште еден тим од Инспекторатот ќе биде постојано присутен на централниот пункт во Стајковци, каде производителите ќе можат да се консултираат со нив.
Директорот на Државниот инспекторат за земјоделство Цветан Трипуновски апелира до граѓаните кои одлгедуваат земјоделски производи да не вршат продажба, како и до откупувачите да не откупуваат производи од овој регион додека не се утврди нивната безбедност.
Активностите на Државниот инспекторат за земјоделство се во координација со Агенцијата за храна и ветеринарство.
Ново на Сител
-
Орце Ѓорѓиевски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Скопје
-
Во среда се гласа извештајот за Македонија
-
Муцунски во Хаг
-
Муртезани во Париз
-
Расте електронското плаќање
-
Водовод: Секој скопјанец дневно троши по 664 литри вода
-
Интерпелацијата на Костадиновски од Уставен можно е да пропадне
-
Приведен 60-годишник во Скопје, возел со 3,08 промили алкохол во крвта и предизвикал сообраќајка