Се интензивира проверката на бродови во Егејот и Медитеранот
Грчки и европски безбедносни функционери размислуваат за интензивирање на проверките на бродови во Егејското море и источниот Медитеран поради стравувањата дека големи пратки оружје и експлозиви се испраќаат на келии на Исламската држава во Либија, дознава „Катимерини“.
Весникот информира дека во еден неодамнешен инцидент, на крајот од мај, службеници на Грчката крајбрежна стража запреле товарен брод кој пловел под знаме на Сиера Леоне во близина на брегот на Закинтос за да го проверат. Три дена претходно бродот отпловил од албанското пристаниште Драч за Либија. Се испоставило дека рентген апаратите кои се користеле за проверка на товарот не биле соодветни за испитување на 2.700 тони цемент кои ги превезувал, и бродот го продолжил своето патување кон Либија и покрај сомневањата дека превезувал оружје за ИС.
Неодамна бил проверен и брод кој пловел под знаме на Того на релација Турција - Либија. Бродот, до недомна бил на списокот на бродови кои и припаѓаат на либанска компанија која е под истрага за шверц со оружје.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Марјан Ѓорчев, поранешен амбасадор во Софија
-
Монструозно двојно убиство и самоубиство во Прилеп
-
Нерешени имотно правни работи - најчеста причина за нарушени семејни односи во Македонија
-
СДСМ смета дека граѓаните не се безбедни
-
И по една недела пожарот во с. Николиќ се уште активен
-
Судот утре ќе решава по жалбата на ОЈО за притворот на напаѓачот на градоначалничката Арсовска
-
Пуштени за сообраќај 20 километри од автопатот Кичево - Охрид
-
Пожарот кај Николиќ не стивнува, опожарени над 1.000 хектари