-->
-->
Се интензивира градбата на детската градинка во Зрновци
-->
Градежна механизација на компанијата „Актива“ од Штип засилено работи на изградбата на детската градинка во населеното место Зрновци,во истоимената општина. Градинката ќе се простира на површина од 420 метри квадратни и ќе располага со капацитет од 80 деца во јасли и градинка.
- Градинката е повеќе од посакувана за населението во општината, бидејки во овој момент над 30 деца од Зрновци посетуваат градинка во Кочани. Вредноста на градинката изнесува 230 илјади евра, кои се обезбедени од ИПА програмата преку фондот за развој на руралните средини, Министерството за финансии и општина Зрновци, изјави градоначалникот Блаже Станков.
Според Станков, градинката се очекува да биде готова до крајот на мај. Опремата, што ја обезбедува Министерството за труд и социјална политика, веќе е обезбедена.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Сашо Мијалков излегува од затвор
-
Вучиќ пристигна во Њујорк заради гласањето на резолуцијата за Сребреница во ОН
-
Путин назначи нов заменик министер за одбрана
-
Гвардиола: Поблиску сум до заминување, отколку до останување во Сити
-
Утре сончево со умерена облачност, попладне со дожд и грмежи
-
Уапсен е врховниот судија Наке Георгиев поради поткуп
-
Откако не му дале пари, со нож се заканил на својот татко дека ќе го убие
-
Сапунот од кокос - благотворен против комарци