Се иницира нов закон за легализација на дивоградби

Владата денеска на седница усвои Информација за потребата од донесување нов закон за утврдување правен статус на бесправни објекти и го задолжи Министерството за транспорт и врски во рок од 15 дена да достави Предлог закон.
-Се задолжува Министерството за транспорт и врски во Предлогот закон за утврдување на правен статус на бесправни објекти, како предмет на законот да ги опфати бесправните објекти кои ќе претставуваат градежна и функционална целина заклучно до 1 октомври 2019 година, како и бесправните објекти од јавен интерес утврден со закон чии иматели се државни органи или единици на локална самоуправа или правни субјекти основани од Република Северна Македонија односно од единиците на локална самоуправа, кои ќе претставуваат градежна целина, а не и функционална целина до денот на влегување во сила на законот, соопшти владината прес-служба.
Од предлог законот треба да бидат иземени сите видови бесправни објекти изградени во границите на Охридскиот регион во кој се наоѓа природното и културното наследство запишано во Списокот на светското природно и културно наследство на Конвенцијата на УНЕСКО, утврдени со Законот за управување со светското природно и културно наследство во Охридскиот регион.
Во Предлогот законот треба да се утврди висината на надомест за уредување на градежно земјиште, решение со кое од плаќање на надоместот ќе бидат ослободени барателите кои се корисници на парична помош од социјална заштита, други јавни субјекти, како и верските објекти.
Ново на Сител
-

Реформа на пензискиот систем веднаш – Фискалниот совет предлага повисоки придонеси и зголемување на пензии
-

Пензионерите добија три проценти повисоки пензии
-

Стопанска комора бара да се скратат празнични неработни денови, за да се зголеми продуктивноста на работниците
-

Технологијата ги дава одговорите, но наставникот ги поставува вистинските прашања
-

Ново археолошко богатство кај Корошишта
-

Премиерот Мицкоски во Теарце
-

ВМРО-ДПМНЕ: Во ЕУ не се оди со селективна борба против корупција
-

Јаневска: Да го вратиме достоинството на наставникот
