Се гради нов водовод во Желино, инвестиција од 665 илјади евра
Во првиот квартал од следната година се очекува да биде изграден цевководот и резервоарот за вода во општина Желино, со кој целосно ќе се реши проблемот со водоснабдувањето во 18-те населени места.
- Инвестицијата е со вредност од 665 илјади евра, обезбедени преку заем од Европската инвестициска банка (ЕИБ). Изведувачите и надзорот информираа дека изградбата тече согласно дадените рокови и очекуваме да биде завршена во првиот квартал од следната година, изјави министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, кој денеска изврши увид во градежните работи.
Сугарески потенцираше дека проектот е многу значаен за целата општина, во која од 18 населени места, само во едно целосно е регулирано водоснабдувањето.
-Преку овој проект ќе создадеме услови да го решиме овој проблем за да овозможиме во следниот период останатите населени места нормално да бидат снабдени со вода, рече Сугарески.
Тој дополни дека изградбата на водоснабдителниот систем во Желино е дел од програмската определба на Владата за обезбедување високо ниво на покриеност на територијата на Македонија со водоводна и канализациска мрежа.
Според Сугарески, од кредитната линија од ЕИБ на располагање остануваат околу 12 милиони евра.
- Ги повикуваме сите општини кои се уште имаат на располагање средства да побрзаат и да достават готови проекти до Министерството за да можеме да ги реализираме. Затоа апелот се однесува до сите градоначалници на кои се уште им остануваат на располагање овие пари, изјави Сугарески.
Ново на Сител
-
ДИК потврди - Во среда ќе се прегласува на 7 избирачки места
-
ДУИ со предупредувања од Мала Речица
-
Мицотакис со нови закани кон идната Македонска Влада
-
Прва официјална посета на Силјановска Давкова ќе биде во Ватикан и Рим
-
9 месечно бебе донесено во итната помош без знаци на живот
-
Полициска службеничка мамела социјалци за станови
-
Дефицит на лекари специјалисти, хроничен проблем на македонското здравство
-
Во земјава нема национален регистар на лица со аутизам