Македонија
11. August 2015 - 16:45

Се гледа крајот на поплавите во Бутел

Нова атмосферска канализација за крај на поплавите во Бутел.

Црната точка во близина на градските гробишта која после секое поголемо невреме им задаваше големи главоболки на околното население но и градските власти ќе се санира до крајот на годината.

Овој проект жителите на „Боца Иванова“ го ставија на првото место на приоритетната листа, а со него ќе се спречи поплавување на подрумите на населението во овој дел на општината.

Според градоначалникот Латиновски, новата атмосферска канализација без потешкотии ќе ја прими целата вода во случај на обилни врнежи од дожд.

Проектот кој градот го реализира во соработка со општината чини повеќе од 30 милиони денари кои се обезбедени од градската каса.