Се дезинфицираат судниците и се прави нов распоред за седење на странките во Кривичниот суд
Oсновниот кривичен суд Скопје информира дека започнува со интензивни подготовки на сите судници и простории во судската зграда и оти од среда, 3 јуни, доколку во меѓувреме не се добијат нови напатствија од Судскиот совет, ќе се постапува по сите насрочени судења согласно календарот за судење објавен на веб страната на судот.
-Основниот кривичен суд Скопје ја информира јавноста дека по добивање на одлуката на Судскиот совет на Р.С.М. за судење на сите насрочени судења која беше објавена во петок 29 мај, попладне започнува со интензивни подготовки на сите судници и простории во судската зграда. Во текот на денешниот ден ќе се врши целосно дезинфицирање на судниците и нов распоред за седење на странките согласно препораките на Владата за заштита од ширење на вирусот КОВИД – 19, се вели во соопштението од Судот.
Заради тоа, посочуваат оттаму, денеска и утре, 1-ви и 2 јуни, Судот ќе постапува само по итни – притворски предмети и предмети поврзани со член 205 – 206 од КЗ, како и во изминатите два месеца, а од среда, 3 јуни, доколку во меѓувреме не се добијат нови напатствија од Судскиот совет, ќе се постапува и по сите останати насроечни судења согласно календарот за судење објавен на веб страната на судот.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Марјан Ѓорчев, поранешен амбасадор во Софија
-
Монструозно двојно убиство и самоубиство во Прилеп
-
Нерешени имотно правни работи - најчеста причина за нарушени семејни односи во Македонија
-
СДСМ смета дека граѓаните не се безбедни
-
И по една недела пожарот во с. Николиќ се уште активен
-
Судот утре ќе решава по жалбата на ОЈО за притворот на напаѓачот на градоначалничката Арсовска
-
Пуштени за сообраќај 20 километри од автопатот Кичево - Охрид
-
Пожарот кај Николиќ не стивнува, опожарени над 1.000 хектари