Македонија
13. November 2015 - 15:16

Се дава под закуп државно земјиште за изградба на оранжерии во Богданци

Во општина Богданци под закуп се нуди државно земјоделско земјиште за изградба на оранжерии за производство на расад за градинарски култури.

За парцелата со вкупна површина од 4 хектари можат да конкурираат домашни и странски физички и правни лица со изготвена програма и бизнис план за работа. Понудувачите, според условите од огласот, со минимална инвестиција од 3 милиони евра треба да изградат оранжерија за производство на најмалку 20 милиони сертифицирани садници за градинарски култури во рок од четири години.

Изборот на најповолен понудувач ќе се изврши по електронски пат,а рокот за поднесување на документите истекува на 4 декември.