-->
-->
Се чисти дивата депонија во близина на градските гробишта во Делчево
-->
Се чисти дивата депонија во непосредна близина на православните градски гробишта во Делчево.
Како што информира директорот на претпријатието Стојче Стојковски, покрај гробиштата во градот, уредени се и зелените површини на селските православни гробишта во селата Габрово и Град, каде се уредува и централниот дел од селото.
– Во селото Габрово во моментов се работи на уредување на банкините оштетени од поројните дождови на локалниот пат Делчево-Габрово. Покрај ова во рамки на редовните активности, екипи на ЈПКД „Брегалница“ деновиве извршија уредување на зелените површини на градските и селските православни гробишта во Делчево, соопшти Стојковски.
Во пресрет на верскиот празник Задушница, како што додава, со помош на машина е уреден и проширен и просторот за паркирање на возилата.
Очекувањата на Стојковски се оваа активност да придонесе кон поголем ред при паркирањето и протокот на возилата во овој дел од градот за време на Задушници.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Розалија Секулоска, психолог
-

Пукање во воздух со пиштоли на прослава во Гостивар
-

Скопјани на удар од западно-нилска треска – нови сомнителни на Инфективна
-

Гостивар во очекување на вода за пиење
-

Кризна состојба поради опасност од пожари
-

Индустриското производство расте, долгот се намалува
-

Нов ИК на УМС на ВМРО-ДПМНЕ

