-->
-->
Се чека до еден час за влез во Бугарија кај граничниот премин Делчево од бугарска страна
-->
Сообраќајот кон Бугарија кај граничниот премин Делчево – Станке Лисичково е со зголемена фреквентност. Патници информираат за сообраќаен метеж во делот на границата спрема бугарскиот граничен премин, каде поради нивниот вообичаен „пад на системот” се чека и до еден и пол час за поминување. Како што информираат возачи кои утрово имале неодложна работа во Благоевград за влез во Бугарија чекаат повеќе од еден час.
– Има многу автомобили што чекаат. Како што може да забележите на фотографијата има автомобили од Штип, Берово и други градови како и бугарски автомобили на кои на ладното време не им преостанува ништо друго освен да чекаат. информираат возачи.
Додаваат дека од македонска страна процедурата е поедноставна и таму нема поголеми задржувања.
На овој граничен премин поради утрешниот неработен ден се очекува да продолжи зголемената фреквентност. Негово проширување минатата година беше најавено од страна на бугарскиот министер Маринов кој на заедничката средба со тогашниот македонски министер за внатрешни работи Оливер Спасовски рече дека е изготвен проект со кој преминот Станке Лисичково ќе добие три ленти и овој проблем ќе се реши
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Мицкоски: Борбата со криминалот мора да заврши со одземање на незаконски стекнатиот имот
-

Спогодбата за минималец од 600 евра остана без потпис, Мицкоски на средба со УПОЗ во четврток
-

Родител не сакал децата да му учат со Ромчиња
-

Левица ќе поднесе два предлог закони за подобрување на работничките права
-

Адвокатите бараат измени на обвинението за пожарот во кочанската дискотека
-

Мицкоски: Нема селективна правда и недопирливи, системски се бориме против криминалот
-

СДСМ: 5 тони дрога поминале низ Македонија - кој ќе одговара за картелскиот скандал?
-

Левица со законски решенија за подобрување на работничките права
