-->
-->
Се бара тенисер кој не местел мечеви?!
-->

Веќе нема дилеми дека тенисот е најкорумпиран спорт и речиси да нема тенисер над 30-тото место на АТП листата да не местел натпревари. Според последните информации повеќе од 135 професионални тенисери, меѓу кои и еден во топ 30 играчи во свет се под полициска истрага поради местење резултати, објавија германските медиуми, пренесува СТА.
Дневниот весник „Ди велт“ и телевизиската станица ЗДФ објавија дека во тек се истраги во повеќе европски држави. Истрагите ги води американското федерално биро (FBI) и полициите во тие земји.
Меѓу вмешаните е тенисер кој во својата кариера има освоено три АТП-турнири.
„Говориме за ерменска мафија што е распространета низ цела Европа и дејствува мегаломански“, изјави белгискиот генерален државен обвинител Ерик Бишоп.
Тој додаде дека во истрагата се вклучени стотици помали обложувалници, коишто оствариле заработка од повеќе стотици илјади евра.
ЗДФ и „Ди велт“ разговарале со поранешниот аргентински тенисер Марк Трунгелити, кој рекол дека многу пати бил контактиран од мафијашки групи.
„Има многу играчи од првите 50 во свет кои учествуваат во местење резултати. Ова се случува на турнири на сите нивоа“, ијави тој.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Русија за седум дена лансира 1.600 дронови кон Украина, значително помалку од минатата недела
-

МВР: Приведени 14 лица за безобѕирно управување возило, меѓу нив и малолетник без возачка
-

Двајца малолетници повредени при сообраќајка во Штип
-

Приведени пет лица за семејно насилство
-

Приведени двајца кавадарчани, едниот возел без возачка дозвола, другиот под дејство на алкохол
-

Приведено 24-годишно момче кое со нож нападнало две лица во Кичево
-

НБА: Лејкерс закажа полуфиналната пресметка со Оклахома
-

Стармер: Повторното отворање на Ормуската Теснина нема да значи враќање во нормала
