Се асфалтираат дел од велосипедските патеки во Аеродром

Екипи на Град Скопје и на ЈП „Улици и патишта“ ги оформуваат и асфалтираат велосипедските патеки од Рутата 2 од проектот „Скопје велоград 2017“.
Како што информира Град Скопје, денеска се асфалтираат велопатеките по должината на булеварот „Јане Сандански“, а интензивно се работи и на изградба на велосипедските патеки по должината на булеварот „Партизански одреди“, во делот на Буњаковец и кај Порта Влае.
Рутата 2 од проектот „Скопје велоград 2017“ е со вкупна должина од 11 километри и ќе ги поврзе општина Аеродром, преку општините Центар и Карпош, до општина Ѓорче Петров. Таа ги опфаќа булеварите „Февруарски поход“, „Видое Смилевски-Бато“, „Јане Сандански“ и „Кузман Јосифовски-Питу“, кејот „13 Ноември“, плоштадот „Македонија“, булеварот „ВМРО“ и булеварот „Партизански одреди“ до Порта Влае.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Александар Трајановски, потпретседател на СДСМ
-

Марш на ангелите во Кочани
-

31 конгрес на СДСМ
-

Судии и обвинители пријавени за државен јавен обвинител, огласот истекува во понеделник
-

Последни проверки за „Безбеден град“
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ против безбедноста
-

Се подготвува извештајот кој треба да биде доставен до УНЕСКО
-

Протест за чист воздух во Струмица
