СДСМ: Заедно со граѓаните ќе работиме да се спроведе пописот, блокадите на Мицкоски да бидат поразени
Со усвојувањето на Законот за попис и потпишувањето на Указот од страна на Претседателот на државата, создадени се сите нормативни услови за спроведување на оваа важна статистичка операција за развој на земјата.
Државниот завод за статистика, институциите, државата, имаат капацитет да спроведат попис според сите прописи на Евростат, по сите меѓународни стандарди.
Кончено, по 19 години Македонија ќе спроведе попис со кој ќе се соберат релевантни податоци важни за креирање на идни политики и стратегии за развој на државата. Економски, образовни, здравствени, земјоделски, културни.
Жално е што во ВМРО-ДПМНЕ имаме неодговорни политичари, кои само од блокадите, саботажите и поделбите ја влечат идејата за своето постоење.
Недозволиво е постојаното ставање сопки, кочење на процесите, подбуцнување на поделби, националистички конфликти, повици за бојкот и саботажи.
Еднаш засекогаш треба да сфатат во белиот дворец дека сите политички партии треба да се стремат кон подобар заеднички живот, а не да тонат со сеење раздор меѓу народот.
Прашањето на пописот е премногу важно за развојот на државата и тој нема да отвора веќе затворени прашања, нема да одзема права.
Ние нема да отстапиме пред оние кои во неуспехот на државата, гледаат можност за себе.
Заедно со граѓаните ќе работиме за тој да се реализара по меѓународните стандарди, а политиките на блокади, саботажи и сопки на Мицкоски повторно да бидат поразени.
За СДСМ интересот на граѓаните и на државата е на прво место.
Центар за комуникации со јавноста на СДСМ
Ново на Сител
-
Вреди: Не треба да се отвораат старите рани
-
Победа над Фарски Острови - македонските ракометари се пласираа на Светско
-
Пендаровски се заблагодари на граѓаните за укажаната доверба
-
ЦУК: Спасени две лица кои со „квадрицикл“ излетале во провалија на Шара
-
Приштина: Притвор од 30 дена за државјанин на Србија вмешан во ланските немири во северно Косово
-
ЕУ потсетува на важноста од целосно почитување на Договорот од Преспа
-
Мишел и Фон дер Лајен со честитки во Сиљановска Давкова: Очекуваме соработка на европскиот пат на земјата
-
Алексеј Навални постхумно ќе ја добие наградата за мир во Дрезден