СДСМ во среда ги почнува подготовките за избор на ново раководство - закажан состанокот на Извршниот одбор
СДСМ во среда го закажа состанокот на Извршниот одбор со што ќе стартуваат подготовките за одржување на пост изборниот конгрес.
Претходно од партијата брифираа дека на отчениот Конгрес ќе се разгледаат причините за изборниот резултат, спроведените анализи и поднесените извештаи за работењето на партијата.
Според статутот, се очекува на отчениот Конгрес да бидат дефинирани рокови и начин на спроведување на внатрепартиски избори на цело партиско раководство. Процесот на обнова ќе биде на сите нивоа, ќе се избира претседател, негов заменик, раководство, и сите органи и тела на партијата.
Одржувањето на внатрепартиските избори во СДСМ го најави актуелниот лидер Димитар Ковачевски ноќта на 8 мај по двојниот изборен пораз на социјалдемократите.
Ден подоцна почнаа да се нижат оставките од партиските функции. Прв од потпретседателската функција на СДСМ се повлече Фатим Битиќи, а веднаш потоа и Перо Костадинов.
Оставка од функцијата претседателка на форумот на жени на СДСМ поднесе и Јованка Тренчевска, а веднаш по неа и Сања Лукаревска се повлече од заменик претседателската функција во партијата.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Никола Србов, историчар
-

Мицкоски верува во решение преку дијалог со Бугарија - Филипче бара европска иднина
-

ВМРО-ДПМНЕ со 3,5 пати поголем рејтинг од СДСМ
-

Кризната состојба за горивата ќе продолжи до април, намалено ДДВ за дизелот до 20 октомври
-

30.000 вакцини против грип пристигнаа во земјата – имунизацијата за една недела
-

Скопското Кале ќе биде прогласено за културно наследство
-

Оризовите стрништа го палат алармот кај пожарникарите
-

Од 20 - 30 питачи од најмала возраст во Oхрид
