Македонија
18. December 2019 - 13:30

СДСМ: Во Пендаровски гледаме сојузник за добрите политики

 - После 10 години партиски говори на Ѓорѓе Иванов, денеска бевме сведоци на обраќање на еден надпартиски претседател,  порача Хари Локвенец од името на пратеничката група на СДСМ. По 2 ипол години СДСМ успеа да ја донесе државата на прагот на НАТО и Европската унија.  За нас нема компромис со криминалот и нема судија ниту обвинител што ќе застане на овој пат. Токму затоа во претседателот Пендаровски гледаме сојузник за добрите политики,  рече Локвенец по обраќањето на претседателот Пендаровски.
 
Деспина Тодоровска