СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ пред избори ветуваа дигитални учебници и сексуално образование, а денес се против
Нема крај на деструктивното однесување на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски кое е на штета на образованието и наставниот процес.
Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ по секоја цена се противат на секоја реформа што значи унапредување на квалитетот на образовниот систем.
Денес, оваа партија се противи на дигитализација на наставата, проект што пред само неколку месеци го имаа наведено во изборната програма.
Во последната изборна програма на ВМРО-ДПМНЕ како ветување пред граѓаните е наведена дигитализацијата во образованието, платформа за е-учење, подготовка на видео материјали од страна на наставниот кадар и секако – дигитални учебници.
Покрај противењето на дигитализацијата во образование, ВМРО-ДПМНЕ се противи и шири лажни вести и паника и за предмети кои опфаќаат сеопфатно сексуално образование.
Но токму ВМРО-ДПМНЕ во нивната програма пред граѓаните ветила воведување токму на ваков предмет.
Ова, почитувани граѓани е ветување од изборната програма на ВМРО-ДПМНЕ за 2020 година каде пред граѓаните дале ветување дека во шесто одделение ќе се изучува предмет каде ќе се дискутираат теми од сексуалното образование.
Уште едно тешко, големо лицемерие на партијата предводена од Мицкоски.
Наместо да ја манипулираат јавноста, наместо да блокираат, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски треба да излезат и да одговорат:
Кога ги лажеа граѓаните? Кога ги ветуваа овие проекти пред избори или денес кога по секоја цена ја блокираат нивната реализација?
Цели 11 години ВМРО-ДПМНЕ го уништуваше образованието, ги манипулираше наставниците и професорите, а нашите ученици беа со најслаби резултати на меѓународни тестирања.
Денес, кога се воведува нов, модерен и европски концепт на настава, ВМРО-ДПМНЕ блокира, протестира, се затскрива зад наводни граѓански иницијативи со цел реформите во образованието да не бидат донесени.
Ова е на директна штета на наставниците, на учениците и нивните родители, на штета на образованието во нашата држава, затоа ВМРО-ДПМНЕ одново ќе биде казнета од граѓаните.
Центар за комуникации со јавноста на СДСМ
Ново на Сител
-

Тема на денот со Ѓоко Велковски, заменик министер за социјална политика
-

Честит Рамазан Бајрам
-

Брзата помош бележи намален број интервенции на сообраќајки од почетокот на “Безбеден град”
-

Работете од дома, возете помалку, користете јавен превоз - итни препораки од меѓународната агенција за енергетика
-

САД: Руското влијание на Балканот фактор на нестабилност во регионот
-

Приведен директор на испекторат за земјоделство за примање поткуп
-

Со исти предизвици Сојузот на здруженија на дијабетичари одбележува 25 години од основањето
-

Муслимани на Блискиот Исток го слават Бајрам под строги рестрикции и воени тензии
