СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ останува заробена во сопствената политика на поделби
ВМРО-ДПМНЕ останува заробена во сопствената политика на поделби, изолација, раздор и конфликти со што продолжува да работи на штета на државните и интересите на граѓаните, наведува СДСМ во рекацијата на барањето од ВМРО-ДПМНЕ за повлекување од Договорот за добрососедство со Бугарија.
- Додека ВМРО-ДПМНЕ е заглавена во минатото, Македонија чекори напред. Договорот помеѓу Република Македонија и Република Бугарија е во согласност со националните интереси на нашата држава и во согласност со интересите на граѓаните на Македонија и на Бугарија. Договорот е основа за пријателство и взаемен успех на двете држави, а неговото потпишување е заеднички успех на сите досегашни влади и на сите граѓани, стои во реакцијата.
Од СДСМ посочуваат и дека „целиот демократски свет го поздрави историскиот договор помеѓу Македонија и Бугарија, како значаен исчекор кон иднината и евро-атлантските интеграции на Република Македонија, истакнувајќи го значењето но и јакнењето на регионалната и меѓународна позиција на Македонија, што ВМРО-ДПМНЕ 11 години ја потпкопуваше“.
- Заврши времето кога ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски заради свои лични криминални интереси и на штета на државата ја изолираa Македонија од меѓународните и евро-атланстските процеси. Договорот го рефлектира новото време на соработка, на добрососедство, на празници што обединуваат наместо да делат и на регионален напредок наместо регионални конфликти, е наведува во реакцијата од СДСМ.
Ново на Сител
-
Ќе најде ли ДУИ удобност на левата страна од Собранието - што да очекуваме од новото Собрание
-
Тема на денот со Андреј Петров
-
Африм Гаши избран за претседател на Собрание
-
Од рапер до претседател на Собрание - Кој е Африм Гаши?
-
Нов собраниски состав
-
Силјановска Давкова: На венецот во Рим сакав да пишува РС Македонија, но немаше место
-
Внатрепартиски избори во СДСМ на 30 јуни: Кој ќе влезе во трката за претседателското место?
-
Затворените сали на Хирургија го блокираа цел здравствен систем!