СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ е единствената партија во светот која во пандемија е на страната на вирусот
ВМРО-ДПМНЕ предводена од губитникот Христијан Мицкоски е веројатно единствената партија во светот која од почетокот на пандемијата па до денес е на страната на коронавирусот, против јавното здравје и здравствениот систем.
Нема ден а во јавноста да не се појави лажна вест, манипулација пласирана од Белиот дворец со намера да се поткопа здравствениот систем и да се внесе вознемиреност меѓу граѓаните.
Наводно загрижени за јавното здравје, ВМРО-ДПМНЕ бесрамно организираат масовни собор без почитување на здравствените протоколи и со грубо прекршување на мерките за заштита од коронавирусот.
Ваквиот деструктивен, безобразен однос на ВМРО-ДПМНЕ кон јавното здравје и кон здравствениот систем е одамна препознаен од граѓаните.
Затоа Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ постојано се казнувани и ќе бидат казнети одново, затоа што се водат исклучиво од лични и теснопартиски интереси, наместо од интересите на граѓаните и државата.
Центар за комуникација со јавноста – СДСМ
Ново на Сител
-

Обложувалниците против новиот закон
-

Крај на учебната 2025/2026 година и почеток на летниот распуст
-

Телеком донира опрема за училишта
-

Клековски: Прво да се зајакнат регионалните болници па да се направи анализа дали треба нов Клинички
-

ДЗС бара луѓе за летна борба со пожари, плата 44 илјади денари
-

Крај на учебната 2025/2026 година
-

Над 100 текстилни работници од две штипски конфекции без плати и придонеси
-

Менталното здравје кај младите бара поголемо разбирање
