СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ денес глуми загриженост за наталитетот, заради нив над половина милион граѓани си заминаа од државата
Наместо да глуми загриженост, Владимир Ѓорчев да се извини за сите лажни вести што неговата партија и неговиот шеф Христијан Мицкоски со денови ги шират од скапоцениот дворец.
Крајно лицемерна и лажна е загриженоста на ВМРО-ДПМНЕ да глуми загриженост за наталитетот во државата кога 11 години со нивните погубни и криминални политики влијаеше повеќе од половина милион граѓани да си заминат што негативно влијаеше и врз стапката на наталитет.
Дополнително, официјалните податоци потврдуваат дека наталитетот драстично опадна токму во време кога ВМРО-ДПМНЕ беше на власт и кога ја спроведуваше на мерката „трето дете“.
За разлика од голиот популизам и неефикасните мерки на ВМРО-ДПМНЕ, денес Владата предводена од СДСМ презема реални мерки кои го унапредуваат секојдневниот живот.
Смртноста на новороденчињата е намалена, со новата социјална реформа опфатот за детски и образовен додаток е зголемен за 20 пати повеќе деца, а социјалната помош расте и до 300 отсто.
Растат платите, се отвораат нови работни места, се повеќе пари завршуваат во семејните буџети на граѓаните. Се преземаат активни мерки за задржување на младите во државата и создавање можности тука да градат семејства и иднина.
Владата преводена од СДСМ останува на страната на граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ останува на страната на деструкцијата, лицемерието и лажните вести.
Ново на Сител
-

Убиена 48 годишна жена од село Таор, осомничен поранешниот сопруг кој ја пријавил за исчезната
-

Тема на денот со Билјана Кузмановска, национален координатор за трансплантација
-

Спорни тендери во кочански „Водовод“
-

Од живо од скопско Таор: Четворица приведени за убиството на 48 годишна жена
-

Сали: ВРЕДИ ќе раководи со 6 ресори по реконструкцијата
-

Пратениците одлучуваат од кога кај матичен лекар ќе се изјаснуваме за донирање на органите по смртта
-

Топлотен бран ја зафати Македонија
-

СДСМ: Загрозен е вториот пензиски столб, ВМРО-ДПМНЕ: Лагите ги повторуваат како папагали

