СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да престане да ги вознемирува граѓаните преку лажни вести

Реакција на изјава за медиуми на Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ
Ова веќе личи на тв сапуница, Трипуновски го испратиле на погрешно место, ВМРО-ДПМНЕ да престане преку лажни вести да ги вознемирува граѓаните.
Немаат крај очајните обиди на ВМРО-ДПМНЕ преку измислени, непостоечки случаи. Активностите на ВМРО-ДПМНЕ и Трипуновски личат на тв сапуница.
Цветан Трипуновски треба да знае дека постојано го испраќаат на погрешно место да држи прес конференции.
Лагите на ВМРО-ДПМНЕ кој Трипуновски трет ден во очај ги повторува и надополнува се веќе демантирани од сите надлежни институции.
Министерството за здравство јавно потврди дека нема ниту еден граѓанин кој е заразен со антракс.
Агенцијата за храна и ветеринарство веќе информираше дека засега болеста е детектирана само кај едно одгледувалиште и навреме се преземени сите потребни мерки за справување со болеста и нема регистрирано нови случаи.
ВМРО-ДПМНЕ секојдневно се докажува како симбол на лажни вести и невистини и не нуди ниту една мерка во интерес на граѓаните.
Наместо да пласира измислици и лажни вести, редно е опозициската ВМРО-ДПМНЕ да покаже сериозност и да престане да ги вознемирува граѓаните со лаги и невистини заради остварување на ситни дневнополитички поени.
Ново на Сител
-

Камионџии и натаму добиваат црн печат, ЕК ќе презентира преодно решение следната недела
-

Електронски листи за операции
-

ФЗО: Иако буџетот е ист како лани ќе има скапа терапија за онколошките пациенти
-

Тема на денот со Димитар Николовски, Евротинк
-

Протест со барање да се вози без возачка дозвола
-

Крмзов седна на обвинителна клупа, одговара за даночна измама
-

Обвинителството отвори предмет за наводите за транспорт на мозоци од починати лица во САД
-

Мицкоски: Да се воздржиме од коментари додека трае истрагата
