СДСМ: Среде криза градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ трошат милиони евра за партиски вработувања
Додека Владата предводена од СДСМ во време на криза презема навремени и ефикасни мерки за помош на граѓаните и стопанството, на сите им стана јасно дека кризата не важи за градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ.
Освен што не работат ништо, не се кадарни ниту да ги завршат веќе започнатите проекти, трошат милиони евра од општинските буџети за партизација на општините, набавки на чоколадни бонбони и други аздисувања.
Само четири градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ годинава ќе потрошат еден милион евра за партиски вработувања.
Но, затоа пак, градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ се најгласни дека општините немаат пари да платат струја и парно, а истите со народни пари вдомуваат нивни сопартијци.
За сето ова време, Христијан Мицкоски кој глуми загриженост за економскиот стандард на граѓаните, нема намера да ги повика неговите градоначалници да престанат со аздисувањето и парите да ги пренаменат за потребите на граѓаните.
Ништо не е променето во ВМРО-ДПМНЕ, тоа е нереформирана партија која неодговорно се однесува со парите на граѓаните.
Центар за комуникации со јавност на СДСМ
Ново на Сител
-
Палевски преноќи во Шутка
-
Прегласување: Течат роковите за тужби до Управен
-
Мицотакис: Нема да ги ратификуваме меморандумите за соработка
-
Џафери на регионален самит во Котор
-
Маричиќ ги презентираше приоритетите од планот за раст
-
Младите против врсничко насилство
-
Љупчо Палевски Палчо екстрадиран од Турција и сместен директно во Истражниот затвор во Шуто Оризари
-
Тема на денот со Горан Илијевски - Партија на Македонците во Србија