СДСМ: Со стратешки проекти инвестираме во енергетската независност
Владата предводена од СДСМ е посветена на енергетската транзиција за зголемено производство на електрична енергија во обновливи извори.
Во време на најголема енергетска криза активирани се сите домашни капацитети за производство на електрична енергија со цел да се намали зависноста од скап увоз на струја.
Во РЕК Осломеј е пуштена во употреба нова фотонапонска електрана од 10 мегавати, инвестиција на АД ЕСМ. На оваа локација ќе се изградат уште две електрани, а АД ЕСМ ќе гради уште една електрана со што вкупната моќност на фотонапонските електрани во некогашниот загадувач ќе изнесува 120 мегавати.
Владата предводена од СДСМ ќе инвестира во гасната централа Александруполи во Република Грција со цел стабилно и непречено снабдување со природен гас.
Потпишани се и договори за реализација на стратешки инвестиции во енергетиката, како што е најголемата гринфилд инвестиција на германската компанија ВПД, како и соларниот парк Стипион во Штип.
Сите овие чекори на дело ја потврдуваат заложбата на СДСМ за зголемување на енергетската независност.
СДСМ како одговорна партија продолжува со реализација на мерки и политики кои се во интерес на граѓаните.
Центар за комуникации
Ново на Сител
-
Најмалку 11 загинати, 22 повредени во автобуска несреќа во Мексико
-
Трамп ќе присуствува на Самитот на НАТО во Хаг
-
Македонските одбојкари финишираат со подготовките за Европската златна лига
-
Обновен сообраќајот на Кримскиот мост
-
Вучиќ најавува наскоро закон за Избирачкито список, избори кога тој ќе одлучи
-
ВМРО-ДПМНЕ: СДС призна дека економијата расте – само што не можат да поднесат што расте без нив
-
СДСМ: Kога инфлацијата е 3%, исто колку наводниот раст, нема никаков раст
-
Во Судан нападнат конвој на ОН со храна