СДСМ: Со ребалансот парите се враќаат кај граѓаните

СДСМ во реакција на прес-конференцијата на Коче Гаврилов од ИК на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, истакнува дека ребалансот на Буџетот ги следи реалните потреби, ги враќа парите назад кај граѓаните и е првиот чекор кон остварување на зацртаните реформи што носат нови работни места, повисоки плати и целосен економски напредок.
Од СДСМ посочуваат дека залудни, очајни и лицемерни се обидите на ВМРО-ДППМНЕ да го сокрие нивното 11 годишно расипништво и трошење на парите на граѓаните, за кое јавноста секојдневно сведочи.
- Додека мнозинството граѓани живееше во сиромаштија и долгови, функционерите на ВМРО-ДПМНЕ парите од Буџетот ги трошеле на скапи вечери, костуми, чевли, ноќевања во ексклузивни хотели, и посети на спа центри платени со државни пари. Безобразното и расипничко трошење на парите на граѓаните, отишло дотаму што дури и дел од обезбедувањето на Никола Груевски трошело стотици евра дневно за ручеци и вечери, стои во реакцијата на СДСМ.
Ново на Сител
-

Народниот правобранител оформи предмет за водата во Гостивар
-

Филипче бара истрага за нападот во Ново Село
-

Државната матура со просечна оцена 3,66 – скоро идентична како ланската
-

Многу течности и хидрирање на телото на пеколните горештини
-

Нема доволно вода за пиење на пунктовните во Гостивар
-

Онколошките пациенти бараат редовна терапија и трајно решение на проблемот со набавка на лекови
-

Енергетските проблеми во Европа растат, Мицкоски уверува дека кај нас струјата нема да поскапи
-

Почнува реализација на третата секција од железничкиот коридор 8
