СДСМ: Со петтиот пакет мерки помош за граѓаните и градење развојна економијата
Пакетот, донесен низ инклузивен пристап со сите засегнати страни, во вредност од 160 милиони евра содржи 29 мерки, наменети за директна помош за компаниите и за граѓаните, како и креирање на поповолно деловно опкружување, ќе ја врати економијата на стапките на раст меѓу 4 и 5 %, како во времето пред пандемијата.
Главен приоритет е задржувањето и зголемувањето на бројот на работници. Токму затоа првата мерка е финансиска поддршка на плати за вработените во вредност од 1 милијарда и 920 милиони денари за февруари и март 2021 година, со опфат од околу 60 000 работници месечно.
Финансиската поддршка ќе биде скалеста во износ од 14.500 до 21.776 денари за месечна плата по вработен, во зависност од падот на приходите на компанијата.
Со мерките од петтиот пакет се овозможува и намалување на трошоците на граѓаните, со бришење на 100% на каматите, кои граѓаните ги имаат кон јавни институции и претпријатија.
Главнината која граѓаните ја должат повеќе од три месеци, по основ на испорачани комунални и други јавни услуги или даноци и данок на имот, ќе може да се репрограмира за плаќање во период од 12 месеци.
Оваа мерка ќе можат да ја искористат сите физички лица во државата, а ќе биде објавена со Јавен повик, во траење од 5 месеци.
Најтешкото е зад нас, СДСМ како одговорна партија продолжува со вистинска грижа за граѓаните, за работниците, за компаниите, за економијата.
СДСМ Центар за комуникации
Ново на Сител
-
Владата утре ќе се задолжи со 39 милиони евра на домашниот пазар
-
Агенцијата на ОН за помош на Палестинците УНРВА одби да се евакуира од Рафа
-
Тешко повреден 74 годишен велосипедист во сообраќајна несреќа во Охрид
-
Значаен пад на цените на нафтата минатата недела
-
Триесет и три години од загинувањето на Сашко Гешовски од Кавадарци, прва жртва при распадот на Југославија
-
Утре посебен режим на сообраќај во Скопје поради Денот на полицијата
-
Еден потешко повреден во експлозија во зграда во Турција
-
Галески: Сигурно е само дека Македонија ќе биде повторно твоја