-->
-->
СДСМ: Сите се еднакви пред законите
-->
Државата за само две години успеа да изгради институции и да создаде систем коишто се борат против корупцијата и криминалот.Со последните случувања се покажува дека независен судски систем и неселективна правда се возможни во нашата земја. Сите се еднакви пред законите.
Правосудните процеси за овој, но и за сите други случаи, мора да се спроведат до крај и правдата да биде задоволена.
Единствено Христијан Мицкоски е против правдата. Со неуспешно алиби Мицкоски и е во нов обид да се блокира напредокот на земјата.
Единствената работа за која се грижи е заштита и одбрана на криминалот на Никола Груевски, вистинскиот претседател на ВМРО-ДПМНЕ.
Неговите блокади и деструкции нема да успеат. Напредокот на државата ќе продолжи, со, или без него.
СДСМ ќе направи се, правдата ќе биде задоволена, Република Северна Македонија ќе успее.
Центар за комуникации со јавноста на СДСМ
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

35 години независност на Македонија - објавено видео пред вечерашниот музичко-сценски спектакл во Охрид
-

Арагчи: Во моментов нема можност за продолжување на преговорите со САД
-

Се работи на ликвидација на пожарот на градската депонија во Крива Паланка
-

Пожари во делови на Албанија, нема човечки загуби
-

Трето возило му го пресекло патот на Никола, по што преминал во спротивната лента – ОЈО го гони возачот
-

Ги напаѓал сопругата и трите деца – осум дена притвор за скопјанец
-

Обид за убиство во Скопје: Напаѓачот уапсен по само 25 минути
-

Пентагон бара од одбранбената индустрија брзо да го зголеми производството и испораката на оружје, според допис на Фајнберг
