СДСМ: Се што кажа Мицкоски излезе обратно, барањето за референдум е фарса
Сите лаги на антиевропската коалиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ потонаа.
Нема бугаризација и асимилација, туку почеток на преговори за членство во Европската унија, со заштитен македонски идентитет, со чист македонски јазик.
Европската Унија нѐ прифаќа како Македонци кои говорат македонски јазик со безусловно почитување на достоинството и посебноста на македонскиот народ и неговите, идентитетски, историски и културни особености. За ова ниту се преговара, ниту ќе се преговара.
Мицкоски умееше да ги заплашува граѓаните и со федерализација и кантонизација, дека ќе плаќаат казни ако не научат албански јазик, дека на сто илјади беглаци ќе им се дадат државјанства и со што уште не.
Сé што кажа Мицкоски излезе обратно.
Сега кога државата, по 17 години чекање ги започна преговорите за членство во Европската унија, Христијан Мицкоски бара референдум против заклучоците на Собранието, усвоени со 68 гласа „за“ и ниту еден против, бидејќи пратениците на Мицкоски не смогнаа сили ниту достоинство да гласаат „против“ во македонското Собрание, туку побегнаа.
Добро е познат односнот кон референдуми на ВМРО-ДПМНЕ. Бараа референдум и за Договорот од Преспа, па го бојкотираа. Собираа потписи за референдум против пописот па на крајот се откажаа и од тоа.
Последното барање на Мицкоски за референдум против заклучоците на Собранието против чиста формулација на македонскиот јазик во ЕУ, не е ништо друго освен негова фарса наменета исклучиво за негови внатрепартиски потреби.
Мицкоски и неговиот проруски партнер Апасиев останаа изолирани на погрешната страна на историјата, против Европската унија, против стратешките определби на земјата и граѓаните.
Нивната антиевропска коалиција се обиде не само да ги блокира евроинтеграциите, туку и да ја дестабилизира државата со насилни протести и крвави сценарија.
СДСМ, заедно со граѓаните тоа нема да го дозволи. Референдум против македонски јазик во ЕУ нема да поддржиме.
Центар за комуникации со јавноста на СДСМ
Ново на Сител
-

Женско првото бебе годинава во Кавадарци
-

Честитка за Новата година од претседателот на Уставниот суд Костадиновски
-

Искусни планинари први на 1-ви го освоија врвот Пелистер
-

Минусни утрински температури - најстудено на Попова Шапка, 15 степени под нула
-

И во 2026 година, евтина дневна тарифа од 13:00 до 15:00 часот
-

Градоначалник на Њујорк Мамдани денеска ја презема функцијата
-

Бугарија влегува во Еврозоната, левот заминува во историјата
-

Во 2025 година од патарина собрани 67.624.624 евра, ЈПДП склучи договор за М-ТАГ и во малопродажба
