СДСМ: Референдум против македонски јазик во ЕУ не може да успее

Христијан Мицкоски самиот јавно кажа дека е против Европската унија.
Во тоа тој е осамен и изолиран со единствена поддршка од неговиот партнер Димитар Апасиев со кого заедно одбработуваат за туѓи интереси.
Граѓаните гледаат дека тие анти ЕУ изјави почнуваат да доминираат во секој настап на Христијан Мицкоски, откако му паднаа во вода сите лаги, блокади и крвави сценарија.
Проблемот на Мицкоски е што почнавме преговори со ЕУ, со заштитен македонски јазик во Унијата и заштитени идентитетски, културни и јазични посебности на македонскиот народ.
Референдумот кој го најавува Мицкоски а за кој не ја знае ниту формата, ниту прашањето служи само за лична внатрепартиска употреба, откако му пропаднаа сите обиди преку насилство, блокади и крвави сценарија да ја закочи и дестабилизира државата.
Референдумот на Мицкоски против македонски јазик во ЕУ, против преговори со ЕУ, нема да успее, граѓаните уште еднаш ќе ги поразат деструктивните политики на антиевропската ВМРО-ДПМНЕ.
СДСМ
Ново на Сител
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-

Мицкоски оптимист по средбите со Мерц и Макрон
-

Филипче: Самитот во Тиват испрати јасен сигнал дека западниот Балкан припаѓа во ЕУ
-

Почна полагањето на државната матура - над 14.500 ученици седнаа на жешките столчиња
-

Се крои новата цена на парното, старите цевки летово ќе поминат „стрес-тест“
-

ИЈЗ го отвори првото државно психолошко советувалиште за деца и младинци
-

Струмичката болница доби кабинет за менаџирање на дебелината
-

Ургентен центар за два региони во КБ - Штип
