СДСМ: Растот на просечната плата од 8,8 отсто е потврда за успешните економски политики на Владата предводена од СДСМ
Официјалните податоци од надлежни институции ја потврдуваат успешноста на мерките и политиките на Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев.
Последните податоци од Државниот завод за статистика говорат дека просечната плата исплатена во месец мај изнесува 28.721 денари.
Споредено со месец мај 2020, тоа е зголемување од 8,8 отсто.
Просечната плата експресно се движи кон 30.000 денари, што дава за право да веруваме дека до истекот на мандатот ќе го реализираме нашето ветување за просечна плата од 36.000 денари.
Растот на платите не стагнираше ниту во време на пандемија, економска и здравствена криза, како и во време на пост ковид периодот, туку платите продолжија да растат во сите сектори.
Покрај растот на просечната плата, бележиме и раст на извозот, рекордна економска активност во Индустриските зони и историски пад на невработеноста.
Сите овие податоци покажуваат дека македонската економија е стабилна, развојна и динамична.
Како социјалдемократска партија остануваме целосно посветени на интересите на граѓаните, на унапредување на нивниот животен стандард.
Продолжуваме со мерки и политики кои градат силна и стабилна економија која носи шанса на сите.
Центар за комуникации со јавноста
Ново на Сител
-
79-годишен дедо нападнал полицаец во Куманово
-
Грк починал во битолско казино
-
Во Штип на гласање до 9 часот излегле 5,27 отсто од гласачите
-
Излезноста до 9 часот во Општина Тетово е 3,2 отсто
-
Излезноста во Струга до 9 часот 2,4 отсто, во Вевчани 5,5 проценти
-
Во Неготино до девет часот гласале 5.83 проценти од гласачите
-
До 9 часот во Дебар еден отсто, во Центар Жупа 1,9 отсто излезеност
-
Во Велес и Велешкo до 9 часот излезеноста е 4,97 проценти