СДСМ предлага намалување на патните трошоци за пратениците
Пратеничката група на СДСМ поднесе инцијатива за намалување на патните трошоци на пратениците, информираше координаторот Томислав Тунтев на денешниот брифинг со новинарите. Како што рече Тунтев, со нивната иницијатива се предлага патните трошоци од 30% од цената на изминат литар бензин, да се намали на 15%. За таа цел, потребно е менување на законот за плати на именувани функционери и законот за пратеници.
“Како што ветивме ја поднесуваме оваа иницијатива и сакаме по неа да се развие дискусија, да се вклучи и опозицијата. Решението кое го предлагаме ќе биде со цел да се стави крај на манипулациите и шпекулациите во јавноста. Претседателот Талат Џафери го има предлогот, уште на 1 декември, но досега се нема изјаснето ниту една пратеничка група” рече Тунтев.
Ново на Сител
-
Завршен митинг на СДСМ
-
Завршен митинг на СДСМ
-
Завршен митинг на ВМРО-ДПМНЕ
-
Завршен митинг на Влен
-
Последен ден за кампања - пораки на кандидатите
-
Парламентарни избори 2024
-
Седница на ДИК за приговори од граѓани за лично избирачко право
-
Производителите на зелка бараат обештетување поради ниската откупна цена