СДСМ: Посветени сме на обезбедување на слободата на медиумите
За СДСМ слободата на говор, независноста и слободата на медиумите се врвни демократски вредности и е целосно посветен на обезбедување, почитување и заштитата на слободата на медиумите и нивната независност.
Разликата во оваа сфера, во однос на 11 годишниот режим на ВМРО-ДПМНЕ е повеќе од очигледна. Во тоа време не смееше да се зборува, медиумите и институциите беа заробени.
Власта грубо се пресметуваше со неистомислениците, новинари се апсеа, притвораа, уценуваа и отпуштаа, се вршеа упади и затворања на медиуми.
Пропагандата го имаше главниот збор, слободата на медиумите беше систематски задушувана, а уредувачката политика на медиумите беше креирана во белата палата.
Напредокот во слободата на медиумите го потврдува и последниот извештај на организацијата Репортери без граници, според кој Македонија напреднала за позиции во однос на минатата година и е највисоко рангирана од 2013 година досега, кога беше на 123-то место.
СДСМ ниту еднаш не е посочена за притисоци , што не е случај со ВМРО-ДПМНЕ кога луѓето на нивниот министер за вантрешни работи во преодната влада Наќе Чулев, јавно на настани се закануваа кон новинари.
Се уште постојат предизвици, но се слуша гласот на граѓаните, на новинарите и се преземаат институционални мерки за нивно надминување.
Напредокот што го постигнува нашата држава во делот на медиумските слободи, јасно ја покажува заложбата на СДСМ за слободни, професионални и независни медиуми.
Слободата на медиумите за СДСМ е врвен приоритет и ќе продолжиме посветено да ја обезбедуваме на сите нивоа.
Центар за комуникации со јавноста на СДСМ
Ново на Сител
-

Македонија утре на Јуниорскиот Евросонг: Од вечерва може да се гласа за Ана Стојаноска
-

Скопјанка измамена за сума од 117.000 денари од поранешен вработен во Катастар
-

Во текот на изминатото деноноќие приведени 10 возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“
-

Приведени две лица откако нападнале и ограбиле маж и се обиделе да го принудат да земе брз кредит
-

Мицкоски: Мојата задача не е да се занимавам со коски од минатото, туку да обезбедам иднина за нашите деца
-

Владина делегација предводена од Муцунски положи цвеќе по повод 23 Октомври
-

УХМР: Најстудено на Попова Шапка, најмногу дожд во Крива Паланка
-

Руски танкер со 40.000 тони дизел плови кон Њујорк по договорот меѓу Путин и Трамп
