СДСМ: Поради криминални шеми на ВМРО-ДПМНЕ Скупи беше под закана од уништување

Не постои поголем варварски чин во културата од криминалното владеење на ВМРО-ДПМНЕ кога се потрошија над 500 милиони евра, пари на граѓаните, за стиропор, спомениици и лажен барок за проектот Скопје 2014, а свесно и намерно се уништуваше вистинското културно наследство, се вели во реакцијата на СДСМ на прес-конференцијата на Крстe Јовановски од ВМРО-ДПМНЕ.
- Дури и aрхеолошкиот локалитет Скупи беше под закана од уништување и нагрдување бидејќи ВМРО-ДПМНЕ, за остварување на криминални интереси, противправно сакаше да изгради сала од бетон, замаскирана со травертински плочки, се наведува во соопштението.
Од СДСМ најавуваат дека преку Владата ќе бидат спречени сите обиди за уништување или загрозување на објектите кои се од културно и историско значење, но истовремено ќе има ревизија на сите проекти и за секое незаконско постапување ќе има одговорност.
Ново на Сител
-

Нови пожари во Кавадаречко
-

Тема на денот со Максим Димитриевски, лидер на ЗНАМ
-

Се реактивираше големиот пожар во Кавадаречко
-

6 нови сомнителни случаи на западно-нилска треска
-

МЗ: Eпидемиолошката состојба во Гостивар е стабилна
-

СДСМ: Власта си игра со здравјето на граѓаните
-

Вонреден инспекциски надзор во три болници по случајот со парализираната родилка
-

Приведена кратовчанка за напад на туристи на Куклица
