СДСМ: Оставка од Мицкоски
Христијан Мицкоски да поднесе оставка, откако пресудите за случајот „Плацеви на Водно“ уште еднаш потврдија дека ВМРО-ДПМНЕ е криминална партија.
Во предметот „Плацеви на Водно“, избеганиот Никола Груевски практично ја ограбил и ВМРО-ДПМНЕ. Парите ги перел со Белизе шеми и други криминални начини за да купи плацеви од 11 илјади метри квадратни за себе на Водно.
Шефот на Мицкоски, избеганиот криминалец Никола Груевски, е осуден на 7 години затвор, незаконски стеканиот имот му е конфискуван.
А Мицкоски, кој во периодот кога се правеле криминалите со плацевите на Водно бил советник на Груевски, а потоа и генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, молчи.
Ниту Мицкоски, ниту неговата партија не се оградија од криминалот, не им се извинија на граѓаните, не побараа одговорност.
Единствената политичка агенда на Христијан Мицкоски сите овие години е како да ја кочи правдата, државата, за го одбрани криминалот на Никола Груевски.
После сето ова, после овие пресуди и признанија за криминал од енормни размери, Христијан Мицкоски треба да си поднесе оставка.
Криминалите на ВМРО-ДПМНЕ повлекуваат и политичка одговорност, политичари кои бранат криминал не може да добијат доверба од граѓаните.
Центар за комуникации со јавноста на СДСМ
Ново на Сител
-

Маж од скопско три дена ја киднапирал, тепал и силувал својата поранешна партнерка
-

Зеленски: Ситуацијата во Иран не ѝ дозволи на Русија да има корист од конфликтот
-

Поради зафати, делови од општина Центар утре без струја и вода
-

Владата донесе мерки за стабилизирање на цените на ѓубривата и заштита на земјоделците
-

Трамп: САД се подготвени за воена акција против Иран
-

30-годишна жена физички нападната од поранешната свекрва во струшката чаршија
-

Почина новинарката Лилјана Алтипармакова
-

Група малолетници со балон полн со вода погодиле мотоциклист, кој потоа застанал и физички ги нападнал
