СДСМ: Новата Влада ја зајакна меѓународната позиција на Македонија
СДСМ во денешното соопштение посочува дека Владата за само сто дена ги унапредила меѓународните односи и ја вратила државата на патот на евроатлантските интеграции.
- Потпишувањето на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка помеѓу Македонија и Бугарија, докажа дека Република Македонија може самостојно да ги решава отворените прашања со соседите, а решенијата да бидат во заемна корист и во заеднички интерес на граѓаните на двете држави, наведува СДСМ.
Притоа посочува дека на Самитот на Западен Балкан во Трст, во рамките на Берлинскиот процес, со поддршка на Европската Унија, Македонија активно учествувала во иницијативата што ќе ја смени економијата и животниот стандард на граѓаните во земјите на регионот. - Од изолирана и запоставена земја од Западен Балкан, Македонија се наметна како клучен регионален фактор што придонесува за целосна евроатлантска интеграција на регионот, се вели во соопштението.
Од СДСМ оценуваат дека и воената вежба на Криволак ја афирмирала НАТО аспирацијата на Македонија, а посетите на владини и делегации на министерско ниво на светските метрополи ги подобруваат билатералните и мултилатерални односи на Македонија.
- Заврши времето кога ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски за лични криминални интереси ја изолираа државата и создаваа конфликти со соседите и меѓународната заедница. Владата предводена од СДСМ продолжува да работи на остварување на национаниот интерес за полноправно членство во ЕУ и НАТО и да ја зајакнува меѓународната позиција на Македонија, што ВМРО-ДПМНЕ 11 години ја поткопуваше, стои во соопштението.
Ново на Сител
-
ЦУК: Активни три пожари на отворено од 33 изминатото деноноќие
-
Собраниската Комисија за изборите и именувањата ќе формира Комисија за селекција на кандидати за претседател на ДКСК
-
Трамп денеска ќе разговара со Зеленски
-
Свечена владина седница по повод 24 години од Охридскиот рамковен договор
-
Стејт департментот го осуди влошувањето на човековите права во Европа
-
Франција, Германија и Велика Британија подготвени повторно да воведат санкции кон Иран
-
Забрана за сообраќај на патот Р1106 Македонски Брод - Скопје поради пожарот во Јасен
-
Продолжува топлото време – температури до 39 степени