СДСМ: Нов раст на минималната плата на 14.500 денари, дополнителни 66.000 денари годишно ќе завршат кај секој работник
СДСМ продолжува со креирање и имплементација на мерки и политики кои парите ги враќаат назад кај граѓаните.
Минималната плата расте на историски највисоки 14.500 денари.
Со декемвриската плата, околу 90.000 граѓани ќе добијат покачување на месечните примања.
За неполни 2 и пол години минималната плата порасна за 5.500 денари што овозможува годишно дополнително 66.000 денари да завршат назад кај секој работник.
Концептот за враќање на парите кај граѓаните и работниците е на прав пат и дава вистински резултати.
Дополнително како стимул за приватниот сектор, се донесе Закон за субвенционирање на социјалното осигурување за сите претпријатија кои ќе покачат плата на нивни вработени до 6.000 денари.
Разликата помеѓу концептите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ е повеќе од очигледна.
Додека опозицијата не гласа за донесување на закони кои ги враќаат парите назад кај граѓаните и ја докажува нивната криминална матрица, СДСМ преку одговорни политики покажува што значи вистинска грижа за граѓаните и враќање на парите во секој семеен буџет.
Ново на Сител
-
Тема на денот со г. Пимен, митрополит европски
-
Македонија во чест на просветителите: Молебен во Рим
-
Митрополит Петар: Се покажа дека прашањето на МПЦ не е црковно туку политичко
-
Гужва на граничните премини, Македонците навалија во Грција
-
Мицкоски: За брзо од сега ќе имаме влада
-
Партиите на Бошњаците и Србите во Македонија со поделени мислења за усвоената Резолуција за геноцидот во Сребреница
-
Цела недела не работат операционите сали на Хирургија - нема информација кога ќе профункционираат
-
Пожарната се соочува со проблеми во возниот парк