СДСМ: Мицкоски не одговори на повикот за помирување и национално обединување
Раководството на ВМРО-ДПМНЕ предводено од Христијан Мицкоски е навикнато на стариот принцип на интервенции на извршната врз судската власт. Тие ништо не научиле и како да заборавиле дека помина времето кога нивниот поранешен, а сега осуден премиер рецитираше изрекување притвори и судски пресуди.
Македонија има независно и професионално судство, ниту Мицкоски ниту Груевски, ниту кој било друг не може да интервенира врз судски одлуки.
Мицкоски и раководството да престанат да се интересираат за амнестии и да дадат одговор дали се за национално обединување или не? Дали се за НАТО и ЕУ или не?
Конечно, ако раководството на ВМРО-ДПМНЕ одлучи и понатаму, по секоја цена да ја блокира иднината, го повикуваме секој пратениик да се издигне на висина на овој историски момент и да гласа за членство на Македонија во НАТО и ЕУ и за подобар живот за сите граѓани.
Ако тоа не се случи, мнозинството во Собранието ќе изгласа предвремени избори на кои ќе бидат обезбедени потребните 2/3 во Собранието.
Македонија ќе победи во која било варијанта, но прашање е дали раководството на ВМРО-ДПМНЕ ќе остане на страната на изолацијата или ќе избере просперитет за земјата.
Ново на Сител
-
Тешко повреден 57-годишник во сообраќајка во Битола
-
Повредени 5 лица во сообраќајка помеѓу три возила на патот Кичево - Осломеј
-
Во недела посебен режим на сообраќај во Скопје
-
Град Скопје: Казнето правното лице кое монтира панорамско тркало во Карпош
-
Токовски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама
-
Зеленски: Од примирјето за време на ЛОИ корист ќе има само Русија
-
Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“
-
Во поплавите во централен Авганистан загинаа најмалку 50 луѓе