СДСМ: Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не успеваат да го одбранат криминалот во своите редови
Нервозата кај Христијан Мицкоски и врвот на ВМРО-ДПМНЕ е голема затоа што никако не успеваат да го одбранат криминалот во своите редови, не успеваат да ги реализираат нарачките од Будимпешта.
Затоа секојдневно шират лажни вести, невистини и дезинформации, затоа поддржуваат протести на кои се бранат криминалци и насилници.
Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ застанаа зад осудените насилници од крвавиот четврток кои упаднаа во Собранието и се обидоа да убијат пратеници, застанаа зад криминалот на нивниот тајкун Орце Камчев, не успеваат да го одбранат криминалот на нивниот ментор Сашо Мијалков.
Целата јавност слушна снимка каде се докажува соработката на Мицкоски со Зоран Милески Кичеец, а сега ВМРО-ДПМНЕ глуми загриженост за правдата и конструира непостоечки случаи.
Христијан Мицкоски потфрли во исполнувањето на неговата единствена задача да ги одбрани криминалите на луѓето што го поставија на чело на белиот дворец.
Мицкоски наместо на страната на граѓаните и државата, стои на браникот на криминалот и затоа шест пати за четири години е поразен на избори и уште долго ќе остане во опозиција.
Центар за комуникации со јавноста на СДСМ
Ново на Сител
-

Тема на денот со Симонида Кацарска, директорка на Институт за европска политика
-

Процесот на проширување на ЕУ ќе остане заснован на заслуги и веродостојни реформи
-

Што нуди новиот нон-пејпер за Македонија?
-

Рокас: Обврските од 2022 мора да се исполнат
-

Обвинителството со видео-докази: Полицијата пристигнала 10 минути пред пожарот во „Пулс“
-

СДСМ: Ако има докази, зошто случајот „Мазут“ е стопиран?
-

Договорци од Детската клиника си ги бараат застанатите плати зошто 5 месеци не добиле ниту денар
-

Со 40 нови камиони и 2.600 контејнери ќе се решава проблемот со ѓубрето во Скопје
