СДСМ: Мицкоски е против ЕУ и прочитaн целосно
Христијан Мицкоски е прочитан целосно. Му потонаа сите обиди да ја закочи државата, да ја блокира европската иднина, не му успеаја крвавите сценарија за дестабилизација и предизвикување етнички конфликт.
Антиевропската коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и проруската Левица си поигруваат со чувствата на граѓаните, им сервираат лаги за продажба на идентитетот и јазикот.
Секогаш кога државата оди во вистинска насока во евроинтерациите, ВМРО-ДПМНЕ прави сé за да го попречи напредокот.
Најавите за референдум против заклучоците на Собранието за заштита на македонскиот идентитет, и против македонски јазик во ЕУ не се ништо друго освен обична фарса на Мицкоски за внатрешна употреба, за неговите проблеми во ВМРО ДПМНЕ.
Мицкоски тоне се подлабоко, а со себе сака ја повлече и целата држава.
СДСМ заедно со граѓаните нема да го дозволи тоа и нема да поддржи референдум којшто е против заштита на македонскиот јазик, идентитет, историја и посебност во преговорите со ЕУ.
Центар за комуникации со јавноста на СДСМ
Ново на Сител
-

Тема на денот со Весна Пусиќ, поранешна министерка за надворешни работи на Хрватска
-

Во Скопје протест за поддршка на командантите од УЧК
-

Партиски препукувања за темата со мигрантите
-

СДСМ: Партиски кујни на ВМРО-ДПМНЕ за лажни вести
-

ВМРО-ДПМНЕ продолжува со напади кон Спасовски
-

Франција ја блокира Црна Гора на патот кон ЕУ
-

Може ли да се укине ветото како механизам?
-

За една година згаснале околу 5.400 фирми, објави Централниот регистар
