СДСМ: Лицемерни предлозите од ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ денеска соопшти дека ВМРО-ДПМНЕ лицемерно предлага идеи за кои до пред неколку месеци сметала дека се неуки и апсурдни.
- Очигледно е лицемерието на ВМРО-ДПМНЕ преку предлогот за укинување на радиодифузната такса, да прикаже наводна загриженост за потребите на граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ преку јавниот сервис 11 години вршеше пропаганда што ја наплаќаше од осиромашените граѓани, а на секој предлог на СДСМ за укинување на оваа давачка, силно се противеше, наведува СДСМ во соопштение.
СДСМ посочува дека пред неполни два месеца лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски изјави дека преку укинувањето на радиодифузната такса СДСМ сака да создаде целосна контрола врз МРТВ и зависност на МРТВ од Буџетот, како и дека на 12 јануари годинава ВМРО-ДПМНЕ во партиско соопштение оценила дека „предлогот на СДСМ за укинување на радиодифузната такса е неука и апсурдна идеја“.
ВМРО-ДПМНЕ, потенцира СДСМ, се противела за предлогот за укинување на радиодифузната такса и во тек на разговорите во Пржино, а пратениците од ВМРО-ДПМНЕ во 2016 година ги отфрлиле измените на Законот за медиуми предложени од СДСМ со кои се предвидуваше финансирање на јавниот сервис од Буџетот.
Во 2012 година, соопштува СДСМ, ВМРО –ДПМНЕ не само што не ја укина, туку дополнително ја покачи радиодифузната такса.
- Додека додека илјадници граѓани беа со блокирани сметки поради неможност да ја платат таксата, ВМРО-ДПМНЕ вршеше интензивна партиска пропаганда финансирана од парите на граѓаните. Затоа, ВМРО-ДПМНЕ нема право да провоцира и да се обидува да профитира со предлози кои како дел од Програмата на новата Влада наскоро ќе се остварат, наведува СДСМ во соопштение.
Ново на Сител
-

УЈП: Преземаме активности со цел даночните обврзници непречено да ги исполнат законските обврски
-

Се утврдува актуелната состојба и реалните можности за Скопското кале да се отвори и стави во активна културна функција
-

Министерството за надворешни работи го одбележа Меѓународниот ден на сеќавање на жртвите на холокаустот
-

Алкараз го победи Де Минаур и се пласираше во полуфиналето на Австралија oпен
-

АХВ: Итно се повлекува формулата за доенчиња Аптамил АР 2, потрошувачите кои ја купиле да не ја користат или да ја вратат
-

МЕД: Попишани над 35 300 единки од 44 различни видови водни птици на трите природни езера во Македонија
-

Во Зубин Поток запленети 140 килограми експлозив
-

ЦУК: Во Струмичкиот регион состојбата е стабилизирана, опаѓа водостојот на реките Струмица и Тркања, со механизација се интервенира на критичните локации
